ЌЕ БИДЕ ЗАБАВНО: И оваа година фестивалот на народна музика „Прилеп Фест 2024“ ќе понуди квалитени музички композиции и звучни музички имиња!
И оваа година, на 19 јуни НУЦК Марко Цепенков – Прилеп, ќе биде местото каде што оваа година ќе бидат испеани најновите песни од реномираниот фестивал за народна музика , „Прилеп Фест 2024“.
На големата фестивалска сцена, оваа година на деветотто издание на фестивалот учество ќе земат најпознатите музички имиња од фолк сцената, меѓутоа, на фестивалот се очекува да се појават и музички имиња од соседните земји. Покрај нив, на фестивалот ќе има и нови музички имиња, пред се затоа што овој фестивал е одлична можност за афирмација на новите музички таленти кои ќе се претстават пред љубителите на фолк музиката во Прилеп.
Организаторите ветуваат квалитетен фестивал и прекрасни музички композиции!
Се гледаме на 19 јуни во Прилеп, каде сите заедно ќе уживаме во најновите музички хитови од фолк музиката.
