Во прилепските населби ќе се вози со max 30 km/h? Се разгледува можноста за воведување на „Зона 30“ во ТИПС-населбата, со цел намалување на сообраќајната брзина и зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот
На 06.08.2025 година, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата го одржа својот прв состанок во новиот состав, формиран со Одлука на Советот на Општина Прилеп на 64-та седница, одржана на 10.07.2025 година. Состанокот го водеше Претседателката на Советот, г-ѓа Ирена Стерјовска Локвенец.
Во текот на состанокот, беа разгледани можности за спроведување пилот проект за воведување на „Зона 30“ во ТИПС-населбата, со цел намалување на сообраќајната брзина и зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ЛЕГНАТИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ПРИЛЕП ВО СЛЕДНАТА НАША ОБЈАВА!
