Пронајдено е лицето кое со јажиња врза дете, МВР “му готви” кривична за „насилство врз дете“
Во текот на вчерашниот ден, по социјалните мрежи кружеше видео на кое се гледа како дете е заврзано со јажиња околу вратот, нозете и рацете, бидејќи наводно истото крадело пари. Врз основа на информациите од МВР веднаш од нивна страна се превземени мерки, при што е откриен идентетот на сторителот.
По направените консултации со јавен обвинител против него ќе виде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство врз дете” по член 201а од Кривичниот закон.За овој случај запознаен е и Центар за социјални работи, по чии насоки детето е предадено на мајката.
