Во Прилеп, и оваа година ќе има принесување на фануропита во чест на св.Фануриј
Сподели го ова:
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАЗНИКОТ НА СВ. МЧ. ФАНУРИЈ
Драги верници,
По повод празникот на Св. маченик Фануриј, во храмот св.Петка во Прилеп ќе се одржи следната богослужбена програма:
Понеделник, 8-ми септември
16:30 – 18:00 часот – Вечерна богослужба и принесување на фануропити во чест на светецот
Вторник, 9-ти септември
07:00 часот – Божествена Литургија (фануропити ќе се принесуваат до 10:00 часот)
16:30 – 18:00 часот – Вечерна богослужба и принесување и прережување на фануропити.
Св. Фануриј е голем Христов маченик и небесен застапник, познат по својата сила во помагањето на верните. Особено во преданието на Црквата се спомнува и неговата мајка, за која се молиме на секоја служба во негова чест.
Принесувањето и прережувањето на фануропитата е обележје на православната традиција – тоа се прави за здравје и спасение на оние кои принесуваат, како и за нивните семејства, со вера дека св. Фануриј ќе ги застапува пред Бога.
Ве повикуваме заедно да го прославиме овој светител, со благодарност и надеж во неговото моќно застапништво.
Жената со голема визија за нашиот град-Ирена Стерјовска, која што на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ беше прва на листата за советници-односно веднаш позади денешниот претседател на советот Дејан Проданоски, беше дел од денешната прва конститутивна седница на Советот на Општина Прилеп во улога на советник. Имено Стерјовска на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ беше ставена…
Во пресрет на претстојните новогодишни празници градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, започна со посета на основните училишта и здруженија и денеска ги посети училиштата: „Рампо Левката“, „Кире Гаврилоски-Јане“ и „Кочо Рацин“ како и Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“ и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост “Порака“. Градоначалникот Јовчески на…
На 03.02.2025 во 16.00 часот во продажен објект во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода Р.И.(41) од Битола, затоа што била затекната при вршење кражба во објектот, при што одзела повеќе производи. По целосно документирање на настанот против неа ќе следува соодветна пријава – информира МВР.
Во земјата денеска ќе преовладува прeтежно сончево време, проследено со мала до умерена облачност. Максималната температура денес ќе се движи од 12 до 17 степени. Како што соопшти УХМР под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд.
Серија од физички напади врз прилепски граѓани e сликата за вчерашниот ден во градот под Mарковите Кули. -На 17.09.2022 во 08:40 часот во ОВР-Прилеп, М.Т. (19) од Прилеп пријавил дека околу 03:00 часот во викендица во Прилеп бил физички нападнат од страна на Д.Р., Л.Т. и Т.К., и двајцата од Прилеп. -На 17.09.2022 околу 13.30…
Од месец март линеарно зголемување на пензиите за нови 2.500 денари, потврди Премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. Сега во мартовската пензија – односно која што ќе биде исплатена почетокот на април, односно како што доаѓа исплатата на пензиите практично самиот крај на март, почетокот на април за мартовската пензија. Оние дополнителни 2500 денари линеарно…