Новата работна недела започнува со пријатни топли температури до 17 степени
Во земјата денеска ќе преовладува прeтежно сончево време, проследено со мала до умерена облачност. Максималната температура денес ќе се движи од 12 до 17 степени.
Како што соопшти УХМР под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд.
