Во Прилеп, и оваа година ќе има принесување на фануропита во чест на св.Фануриј
Сподели го ова:
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАЗНИКОТ НА СВ. МЧ. ФАНУРИЈ
Драги верници,
По повод празникот на Св. маченик Фануриј, во храмот св.Петка во Прилеп ќе се одржи следната богослужбена програма:
Понеделник, 8-ми септември
16:30 – 18:00 часот – Вечерна богослужба и принесување на фануропити во чест на светецот
Вторник, 9-ти септември
07:00 часот – Божествена Литургија (фануропити ќе се принесуваат до 10:00 часот)
16:30 – 18:00 часот – Вечерна богослужба и принесување и прережување на фануропити.
Св. Фануриј е голем Христов маченик и небесен застапник, познат по својата сила во помагањето на верните. Особено во преданието на Црквата се спомнува и неговата мајка, за која се молиме на секоја служба во негова чест.
Принесувањето и прережувањето на фануропитата е обележје на православната традиција – тоа се прави за здравје и спасение на оние кои принесуваат, како и за нивните семејства, со вера дека св. Фануриј ќе ги застапува пред Бога.
Ве повикуваме заедно да го прославиме овој светител, со благодарност и надеж во неговото моќно застапништво.
Храмот „Св. Преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ во нас. Точила, Прилеп, поттикнат од големиот интерес од претходните години, по трет пат го распишува БОЖИКНИОТ НАГРАДЕН КОНКУРС за литературна и ликовна уметност, на кој право на учество имаат учениците од основните училишта во Општина Прилеп. Овој празничен конкурс е можност за сите основци од нашата општина…
Денеска во просториите на Општина Прилеп, прилепскиот градоначалникот Дејан Проданоски го реализираше првиот приемен ден со своите сограѓани каде што слушна голем број на идеи, проблеми и решенија предложени од прилепчани за подобар Прилеп. На првиот приемен ден во Општина Прилеп, имав можност лично да разговарам со голем број наши сограѓани. Слушнавме конкретни идеи, предлози…
На овој ден се празнува осветувањето на црквата посветена на свети Георгиј Победоносец во Киев. Кај руските кнезови, почнувајќи од рамноапостолниот кнез Владимир, постоел благочестив обичај да основаат цркви во чест на своите ангели чувари, т.е. на светителите чии имиња ги носеле или биле нивни закрилници. Така, рамноапостолниот Владимир, во светото Крштение Василиј, изградил во…
Денеска, граѓаните под градот на Марковите Кули ги потресе ужасна – страшна вест. Млад прилепчанец роден 1988 година си го одзеде својот живот. Немилот настан се случил утрово, а денеска, во 10:20 часот ваквиот настан бил пријавен во полициската прилепска станица. Врз основа на пријавата, настанот се случил на ул.„Страшо Пинџур“ бр.3 во Прилеп, во…
На 24.08.2025 во 17:37 часот на патот Битола-Граничен премин Меџитлија, кај с.Кравари, битолско, полициски службеници од СВР Битола при контрола со радар во патниот сообраќај констатирале дека С.С.(22) од с.Средно Егри, битолско, управувал патничко возило „фоксваген поло” со битолски регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место на место каде што максималната…
Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп по повод посетата на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, која што денеска беше во Општина Прилеп. Реакцијата на О.К. ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп Ви ја пренесуваме во целост: “Почитувани сограѓани, Денес во Прилеп во посета дојде министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Која беше целта на нејзината посета?…