МЛАДОСТ – ЛУДОСТ: Во битолско, на патот Кравари – Меџитлија, момче возело со 107 км на час

Сподели го ова:





























На 24.08.2025 во 17:37 часот на патот Битола-Граничен премин Меџитлија, кај с.Кравари, битолско, полициски службеници од СВР Битола при контрола со радар во патниот сообраќај констатирале дека С.С.(22) од  с.Средно Егри, битолско, управувал патничко возило „фоксваген поло” со битолски регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

С.С. веднаш бил исклучен од сообраќај – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави