Во Битола забрзано се работи на обновата на киното Партизан
Министерот за култура Зоран Љутков, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, пратеничките Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, директорот на Народниот театар – Битола, Васко Мавровски и директорот на Центарот за култура – Битола, Сашо Илковски, денеска го посетија Кино „Партизан“, местото кое за многу генерации битолчани претставуваше симбол на културниот живот во градот.
Кино „Партизан“ е дел од колективната меморија на Битола. Затоа е особено важно што денес сведочиме на неговото повторно оживување преку проект кој ќе му даде нова современа функција и ќе го врати во служба на сите нас, граѓаните.
Целта е да создаваме простори во кои културата ќе живее секојдневно, преку филмот, театарот, музиката, изложбите и нови креативни содржини.
Инвестицијата во културната инфраструктура е инвестиција во иднината на градот, во младите и во развојот на културниот туризам. Битола заслужува современи културни центри, а токму овој проект е еден важен чекор во таа насока.
