Во Битола уште од рано утрово “реки од народ” во Буковскиот манастир св. Преображение Христово
Буковскиот манастир св. Преображение Христово се наоѓа на околу 2 км од село Буково во Општина Битола и истиот е сместен во живописна шума. Во Битола, уште од рано утрово “реки од народ” во Буковскиот манастир св. Преображение Христово по повод празникот св. Преображение и манастирската слава на овој манастир.
Во овој православен, битолски храм денеска имаше света литургијата, при што како и секоја година-така и оваа, голем број на битолчани ја посетија оваа манастирска црква, си присуствуваа на божествената литургија, си запалија свеќа за свое, но и за здравјето на своите најблиски, бидејќи црквата е оној единствен патоказ по кој треба да се движиме.
Како што кажуваат постарите, на Преображение се преобразува и листот и гората, и каменот во водата, листовите почнуваат да жолтеат и да опаѓаат, а водата станува постудена, па не е за капење.