Прилеп е подготвен! Денеска на градскиот плоштад ќе настапат над 100 изведувачи од музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години Независност на Република Македонија
Денеска, 19 август, Прилеп ќе биде домаќин на големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Република Македонија.
На плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ ќе се соберат повеќе од 100 македонски уметници, со музика што ги обединува генерациите, песни што се дел од нашето паметење и гласови што ја раскажуваат приказната за нашата Македонија!
Ова ќе биде вечер заедно да го почувствуваме она што нè поврзува, љубовта кон татковината, македонската песна, културата, традицијата и гордоста што ја носиме во себе.
19 август – 20:30 часот
Плоштад „Методија Андонов – Ченто“
