Владата стави крај на злоупотребите на службените возила за приватни и партиски цели!
На денешната Владина седница беше донесена одлука: сите државни институции и јавни правни лица мора да ги променат регистарските таблици на службените возила со таблици во боја најдоцна до 15.09.2025 година.
“Со ова исполнуваме уште едно ветување – обележување на службените возила за зголемена транспарентност и отчетност.
Јавноста ќе може лесно да ги препознае службените возила.
