ВИДЕО: УМС И У.Ж при О.К. ВМРО-ДПМНЕ Прилеп со повеќе активности по повод утрешниот празник – Денот на македонската револуционерна борба

Сподели го ова:


























Во боите на македонската револуционерна организација, денеска УМС при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на прилепчани им го честита утрешниот голем македонски празник 23-ти Октомври!

“ВМРО е кодот на македонската држава, а УМС е секогаш тука да ги одбележи деновите кои се најзначајни за создавањето на македонската држава! Честит и вековит 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба!” – истакнаа од УМС при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Исто така и У.Ж при О.К. ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денеска организира голем настан во чест на утрешниот државен празник. Во акција за заштита на човековата средина Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП денеска го збогати кругот на паркот во населбата “Димо Наредникот”. Во пресрет на утрешниот празник, 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, засадија симболично, 23 долговечни и отпорни дрвца.

На оваа акција, активно учество зеде и градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески. “Унијата на жени се залага за здрава и чиста животна средина, како предуслов за квалитетен живот. Наша цел е овој настан да прерасне во традиција која би послужила како иден пример на помладите генерации, за тоа како се подобрува квалитетот на живеење и здравјето на луѓето” – истакнаа од У.Ж при О.К. ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави