И “СТАРА ЦРКВА”-ПРИЛЕП СО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ПРИЛЕПЧАНИ ПО ПОВОД ПРЕТСТОЈНАТА СЛАВА “ПЕТКОВДЕН”
Се ближи “Петковден”-славата на голем број прилепчани, а по тој повод прилепскиот црковен храм “св. Благовештение”-Прилеп излезе со важно известување за верниците, кое Ви го пренесуваме во целост на оваа објава:
ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО ПОВОД СЛАВАТА ПРЕПОДОБНА ПАРАСКЕВА ПЕТКА (ПЕТКОВДЕН)
Лепчињата ќе се креваат (прережуваат) во слава и чест на светителката, исклучиво во црквите.
СРЕДА НА 26ти
СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – од 07.00 до 17.30 часот.
СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ – од 08.00 до 10.00 и од 15.30 до 17.00 часот.
СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) од 11.00 до 13.00 часот.
СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ) од 11.00 до 13.00 часот.
На 27ми утрото во СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА).
Нека светата наша мајка Параскева Петка се застапува за нас пред Господа, за да бидат примени нашите молитви и благодаренија. Напомош и за многу години на сите кои ја празнуваат Света Петка” – се истакнува во известувањето на прилепскиот црковен храм “св.Благовештение-Прилеп”.