ВИДЕО: Теренот на фудбалскиот стадион во Прилеп е целосно уреден, искосен и подготвен за спортски натпревари
Јавните претпријатија ЈКП,, Комуналец”- Прилеп, и ЈКП,, Водовод и канализација, во соработка со Локалната самоуправа, извршија целосна рехабилитација на Градскиот стадион. По неговото напуштање и опустошување како на зелените површини, така и на инфраструктурата, извршено е поставување на одредени места на нова бас трева, целосно третирање со потребните препарати, поставување на наводнување, рехабилитација на трева и правилно косење.
Фудбалскиот стадион сега е во одлична состојба, зелен, чист и убав и подготвен за спортски натпревари.
Инаку, рехабилитација на тревна површина на спортски терени е макотрпна, стручна и трае подолго време како во случајов, кога ,,Комуналец”, наместо преработка и пресејување, успеа да го оспособи Градскиот стадион.
