Битола ќе биде домаќин на одбележувањето на 25 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување (ЕБР)
БИТОЛА ДОМАЌИН НА ЕБР!
Со особена чест и гордост, Битола ќе биде домаќин на одбележувањето на 25 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување (ЕБР).
19 и 20 август 2026 година
Граѓаните ќе имаат можност да проследат дел од професионалноста, подготвеноста и вештините на припадниците на ЕБР.
ЦЕНТРАЛЕН НАСТАН
22 август 2026 година
На платото пред Офицерскиот дом ќе се реализира показна вежба на Единицата за брзо распоредување, каде граѓаните ќе можат одблиску да ја видат нивната обученост, тактичка подготвеност и професионално делување.
25 години храброст, професионалност и пожртвуваност во служба на граѓаните и безбедноста на Република Македонија.
Битола ги пречекува оние кои секојдневно се грижат за безбедноста на сите нас.
ПОКАНА ДО СИТЕ БИТОЛЧАНИ – В САБОТА ДА БИДЕМЕ ЗАЕДНО!
Добредојде, ЕБР!
