ВИДЕО: Проданоски со детални информации за состојбата со пожарите во прилепско: Апелирам до сите граѓани на најголема внимателност!

Сподели го ова:





























Пожарот што го зафати селото Чаниште и дел од околината во Мариовскиот регион е сериозна закана но најважно е што нема човечки жртви. На терен се сите расположливи сили и ресурси – екипите на ТППЕ Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, Универзалната единица од Прилеп, „Македонски шуми“, доброволните противпожарни друштва, како и голем број мештани кои несебично помагаат во справувањето со огнената стихија.

“Како Општина Прилеп, во рамките на можностите и буџетот со кој располагаме, обезбедивме комолетнс логистика, човечки ресурси и храна и вода за сите луѓе кои се на терен и активно учествуваат во гаснењето и спречувањето на ширењето на пожарот.

Но, во вакви моменти, покрај ангажманот на институциите и службите, од огромно значење е и одговорноста на секој поединец.

Апелирам до сите граѓани на најголема внимателност!

Во овој период не палете стрништа, ниви, отпад и сува вегетација, не оставајте оган без надзор и бидете крајно внимателни при секое движење и работење во природа.

Еден невнимателен момент може да предизвика пожар со огромни последици.

Ќе продолжиме да бидеме на терен и да ги ставаме на располагање сите ресурси со кои располагаме, но за да го зачуваме нашиот Мариовски регион, природата, домовите и пред сè човечките животи, потребна е одговорност од сите нас.

Да бидеме внимателни. Да спречиме нови пожари” – порача Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави