ВИДЕО – Чонески: Крушево и во текот на февруари останува под снежна покривка, со што зимската туристичка сезона продолжува
Крушево и во текот на февруари останува под снежна покривка, со што зимската туристичка сезона продолжува.
“Поволните временски услови овозможуваат задржување на автентичната зимска атмосфера по која градот е препознатлив. Снежните пејзажи, чистиот планински воздух и природните убавини го прават Крушево атрактивна дестинација за домашни и странски посетители.
Локалната самоуправа, заедно со туристичкиот сектор, продолжува со активностите за промоција на градот и поддршка на туризмот, со цел Крушево и понатаму да се позиционира како значајна зимска и планинска дестинација” – истакна крушевскиот градоначалник Нико Чонески.
