Ужасен настан во прилепско! 26-годишник со “БМВ” се обидел да прегази полициски службеници
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Т.(26) од Куманово заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Имено, на 20.05.2025 во с. Беровци -прилепско, полициски пријавниот не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, и со возилото „бмв” со бугарски национални ознаки, кое го управувал, се обидел да ги удри полициските службеници, меѓутоа набргу бил фатен и веднаш лишен од слобода.
