Вечерва со песните на чаирскиот романтичар, Македонија ќе му оддаде последна почит на Владо Јаневски
Вечерва во чест на македонската музичка легенда Владо Јаневски, со почеток во 20 часот на платото пред арената „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се одржи собир каде што огромен број на граѓани ќе имаат можност уште еднаш да му оддадат почит на овој голем музички великан.
На ваков начин, љубителите на неговата музика во еден глас, а во негова чест, ќе ги пеат неговите безвременски хитови што ги остави зад себе како “последно збогум”.
Јаневски ќе биде погребан утре, среда, 1 јули на градските гробишта во Бутел.
