Претседателката Силјановска Давкова синоќа во Прилеп го прогласи за отворено 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
Претседателката Гордана Силјановска Давкова синоќа во Прилеп го прогласи за отворено 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
Шест децении сцената на МФТ „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност.
Од античката аристотеловска катарза, преку шекспировото драмско огледало до чернодринскиот фестивал, театарот останува ретко место каде што човекот доброволно се соочува со вистината.
Овој фестивал е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели коишто инспирираат, вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат.
Посакувам годинешниот јубилеј да не биде само навраќање на богатото театарско минато, туку провокација и поттик за нови приказни.
