Вандализам! На кого му сметаат дечињата?? Искршена е новата детска градинка во Скопје
Како што соопштуваат од Општина Бутел, вандализирана е новата градинка во Бутел 1, која што треба да биде отворена во септември оваа година.
Направена е голема штета во новата градинка. Градоначалникот Дарко Костовски најостро ги осудува сите акти на насилство и вандализам. Срамните сцени на вандализираната детска градинка се недозволиви. Градоначалникот упатува апел до сите граѓани да не го уништуваат, туку да го чуваат тоа што макотрпно се гради со заеднички пари на граѓаните и изразува надеж дека ова насилство не е израз на политика – информираат од Општината.
