ОВР-Прилеп поднесе кривична пријава против тројца прилепчани за кражба на дрва
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против В.С.(38), А.Р.(22), А.А.(23) и Р.А.(22), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,кражба“ на дрва.
На 06.11.2025 во атар на населените места Беловодица, Тројаци, Царевиќ и Плетвар, полициски службеници од ОВР Прилеп ги затекнале пријавените при бесправна сеча на дрва – информира МВР.
