Ужас во Битола! Мотoцикл удрил во 76 годишна баба и избегал – полицијата трага по возачот!
На 26.01.2026 во 17:48 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Смилевски конгрес“ во Битола, мотоцикл удрил во пешакот С.Д.(76) од Битола и го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 76-годишната С.Д., констатирани во болницата во Битола.
Веднаш по настанот, МВР изврши увид на местото на несреќата.
