Ужас! Прилепчанка го малтретирала и удирала во асфалт своето тримесечно бебе
На 14.06.2026 во 17:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода В.М.(42) од Прилеп, со престој во Тетово, а во 18:30 часот во с.Сараќино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода Б.С.(37) од истото село. Претходно, во 16:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 15:30 часот В.М. била забележана како физички го малтретира и удира во асфалт своето тримесечно бебе. Лицата што го забележале тоа, ѝ го одземале детето и го пријавиле случајот.
За настанот е известен социјален работник и инспектор за малолетници, а двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
