СДСМ предлагаше по 3000 ден/субвенција, меѓутоа Коњановски одлучи – по 6.000 ден/субвенција за полагање на возачки испит за младите во Битола

Сподели го ова:





























Уште еден важен проблем од кој е засегната Битола, но и регионот е испитниот центар за полагање на возачки испит.

На оваа тема, разговарав со Министерот Панче Тошковски и побарав најбрзо можно завршување на постапката. За жал, административните процедури, го одолговлекуваат овој процес, кој е од големо значење за сите идни возачи и затоа лично ќе се заложам колку е можно побрзо да заврши оваа постапка, согласно законските рокови.

Ќе ја поддржам секоја иницијатива која ќе биде предложена како времено решение, за што ќе одржам состанок со координаторите на сите советнички групи. Го поздравувам предлогот на СДСМ за 3000 денари субвенција за оние кои полагаат во соседните градови, но имајќи ги предвид трошоците на кои ќе бидат изложени кандидатите, сметам дека оваа поддршка треба да биде двојно поголема. Деталите околу поддршката ќе ги прецизираме после денешниот состанок со претставниците на авто школите и одржаниот состанок со координаторите на советничките групи, за да можеме да планираме и соодветен буџет на седницата за ребаланс на Буџетот” – порача Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави