УСПЕШНО ЗАВРШИ 45-ТО ИЗДАНИЕ НА МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР
Денес свечено заврши 45-то издание на светската детска ликовна колонија “Мал битолски Монмартр”. На платото Монмартр во старата чаршија денес беа доделени Сертификатите за учество, но и двете најголеми награди на фестивалот на ликовната уметност.
Наградата најдобар ученик – учесник во име на Жири комисијата на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола ја додели Славчо Неделковски на ученичката од ликовното Ателје “Артино” од Белград – Србија Лена Павковиќ.
Наградата за најдобро школо на колонијата од друга страна 45-ти пат по ред беше доделена на “Simply Art” од Хонг Конг – Кина на професорите Хенри Лау и Ирис Ли. Оваа награда во име на стручната жири комисија ја додели претседателот на Советот на Општина Битола Бојан Бојкоски.
Над 100 учесници пет дена твореа во Битола во Старата чаршија, Широк Сокак и Офицерскиот дом и по еден работен ден во Охрид и манастирот „Св. Јован Бигорски“.
Синоќа на платото пред Офицерски беше поставена збирната изложба од над 700 дела од сите колониски денови при што на 17 од 120 учесници им беа доделени и наградите “Млади надежи”.
Oпштина Битола во континуитет ja помага оваа манифестација, но од пред 5 години откако Тони Коњановски е градоначалник на Битола манифестацијата е дел од годишната програма за култура за Општина Битола каде се финансираат и други културно-уметнички настани во Битола.
