Прилеп ќе добие „Фабрика за рециклирање на отпад“, а оваа вест ја соопшти прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој истакна:
“На наше огромно задоволство прифатен е амандманот со кој што се обезбедуваат 90.000.000 денари или 1.500.000 евра за реализација на проектот за изградба на „Фабрика за рециклирање на отпад“ во општина Прилеп!
Во време на опозиција и тешки услови за нашата држава конечно започнува процесот на децентрализација на буџетски средства за изградба на капитални проекти во општините!
Со реализацијата на овој проект ќе ја продолжиме нашата грижа за заштита на животната средина, ќе се овозможи отворање на нови работни места, а Прилеп со сигурност ќе продолжи да биде лидер во Република Македонија во однос на менаџирањето со отпадот.
Ова дефинитивно ни дава поттик да продолжиме уште посилно да делуваме и да работиме на развојот и иднината на нашиот Прилеп.
Важно е промените да продолжат и сакам да напоменам дека следува период во кој што заедно ќе реализираме уште капитални проекти за подобра иднина на сите прилепчани, онака како што ветивме!” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.
Младите имаат што да кажат — и убаво е кога некој навистина сака да ги слушне! Учениците од СОЕПТУ “Кузман Јосифоски -Питу” беа на средба со прилепскиот градоначалник – каде имаа одлична можност за размена на идеи. Учениците беа дел од настанот „На кафе со Градоначалникот– отворен разговор со младите“ Средбата се одвиваше во пријатна…
После спектакуларното фестивалско издание на 07.05.2022 на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, кој што четврта година по ред се одржа во Прилеп во НУЦК “Марко Цепенков”, организаторите на фестивалот распишаа нови Аудиции за наредното спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи наредната 2023 година. Колку за потсетување, прилепската публика и гостите од другите…
Денеска прилепскиот градоначалник Јовчески, ги посети првачињата како и останатите ученици од населениете места Мало Коњари, Тополчани и Канатларци, односно учениците кои учат во ООУ „Страшо Пинџур“, „Круме Волнароски“ и „Кирил и Методиј“. “На околу педестина првоодделенци во овие населени места им посакав да имаат успешен почеток во нивниот втор дом. Им порачав дека тука…
Од денес, официјално поефтинуваат млечните производи за 10%, додека пак тестенините за 15%, во однос на тестенините (намалувањето се однесува на шпагетите и макароните). До 31 мај ќе биде во сила одлуката за замрзнување на цената на млечните производи, каде што се вбројуваат трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо…
Анкетата на американскиот институт ИРИ покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема доверба меѓу граѓаните. Ова значи дека владата на СДСМ и ДУИ администрирана од Ковачевски води штетни политики и народот бара промени. Само 18% од граѓаните мислат дека Македонија се движи во правилна насока и ова е историски најлошиот резултат на доверба од граѓаните на било…
Почитувани битолчани, спортисти, пријатели, во чест на нашиот Зоран Петковски – Петкото сакаме да ве повикаме на натпреварот од 4 коло во супер лигата во сабота на 01.11.2025 година со почеток во 17:00 часот и да ја покажиме нашата хуманост. За таа цел средствата од влезниците ќе бидат донарани на семејството на нашиот сограѓанин, спортист…