Уште еден светски настан во Битола! Денес започнува 56. издание на Интернационалниот фестивал на народни игри и песни Илинденски денови

Сподели го ова:





























ДЕНЕС започнува 56. издание на Интернационалниот фестивал на народни игри и песни Илинденски денови

Најдолгото издание во историјата на фестивалот започнува со музички спектакл што ја поврзува Кина со Македонија.

За првпат во Битола гостува Ningbo Symphony Orchestra од Народна Република Кина симфониски оркестар основан во 2015 година, кој за кратко време се вброи меѓу најзначајните нови оркестри во Кина. Под уметничко водство на реномирани диригенти и соработка со врвни солисти од светот, оркестарот настапува на престижни концертни сцени во Европа и Азија, изведувајќи дела од Бетовен, Малер, Брамс, Шостакович, Вагнер и најзначајните современи кинески композитори.

14 јули | 20:00 часот

НУ Центар за култура – Битола

Билети во продажба: 100 денари

Со овој концерт започнуваат осумнаесет фестивалски денови исполнети со музика, фолклор, традиција и средби меѓу култури од целиот свет.

Ве очекуваме заедно да ги отвориме 56. Илинденски денови, таму каде што започнуваат новите точки на поврзување.




Сподели го ова:

Слични објави