Проданоски: Одбројуваме уште помалку од 30 часа до почетокот на Пиво Фестивал 2026!
Ве поканувам овој викенд да бидете дел од најголемата летна манифестација во Република Македонија. Повелете во Прилеп, заедно да создадеме уште едно незаборавно издание на Пиво Фестивалот!
Врвна музичка програма, ладно пиво, највкусната прилепска скара и незаборавна атмосфера!
Се гледаме од 17 до 19 јули во Прилеп! – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.
