Уште еден светски настан во Битола! Денес започнува 56. издание на Интернационалниот фестивал на народни игри и песни Илинденски денови
ДЕНЕС започнува 56. издание на Интернационалниот фестивал на народни игри и песни Илинденски денови
Најдолгото издание во историјата на фестивалот започнува со музички спектакл што ја поврзува Кина со Македонија.
За првпат во Битола гостува Ningbo Symphony Orchestra од Народна Република Кина
Со овој концерт започнуваат осумнаесет фестивалски денови исполнети со музика, фолклор, традиција и средби меѓу култури од целиот свет.
Ве очекуваме заедно да ги отвориме 56. Илинденски денови, таму каде што започнуваат новите точки на поврзување.
