Апсење во прилепската населба Тризла – возел мопед без да има возачка дозвола
На 13.08.2026 во 19:30 часот на ул.„Тризла“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.А.(46) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од А.А., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок – информира МВР.
