ТРАГЕДИЈА: Починато машко лице е пронајдено во кругот на студентски дом
Починато машко лице утрово е пронајдено во кругот на студентскиот дом „Гоце Делчев”, меѓутоа сеуште не се познати околностите врз основа на кои што била настаната смртта. Станува збор за машко лице на возраст од околу 30 години, а неговото тело е предадено на обдукција.
Екипи на МВР моментално се на терен.
