ПРИЛЕП СЕ ГОРДЕЕ СО НИВ! “The Hounds” го прослави својот 16-ти роденден со спектакуларен концерт во срцето на прилепската чаршија
Вчера вечерта во срцето на прилепската чаршија, познатиот бенд “The Hounds” го прославија својот 16-ти роденден заедно со нивните најголеми фанови. “The Hounds” е добро познат на прилепската јавност по духот на стилот и музиката која што овој бенд ја негува цели 16 години, и благодарение на истата авторска музика, успешно опстојува како на прилепската, така и на македонската музичка сцена.
Годинешниот роденденски концерт на “The Hounds” се одржа во центарот на чаршијата во Прилеп, пред клубот Калинка, кои вчера вечерта заедно со нивните колеги, уметници и артисти направија настан за паметење.
Среќен роденден “The Hounds”!
