ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА! Викендов започнува Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Сподели го ова:





























Овој викенд на Рудина/Долнени започнува 51-тото издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Ова петдецениско негување на фестивалот, само по себе говори за постоењето на нашиот идентитет, за генерациското богатство, вткаено во изворните македонски песни и ора, кои низ годините се пренесувале од колено на кoлено, од татко на син, од дедо на внук, чувајќи го споменот на македонското богато фолклорно творештво, но и на играорецот, инструменталистот, недостижниот мајстор на соло гајдата, етно-кореографотот, тапанџијата и еден од најпродуктивните собирачи на македонски народни песни и ора, Пеце Атанасовски.

Секој народ ги има своите културни богатства и традиција, кои се уникатен печат за таа земја. А, нашата Македонија, го има овој уникатен фестивал, кој ги чува и негува низ децении древните вештини на свирачите на народни инструменти и на пејачите на изворни народни песни. Тој, во своите прегратки, ги носи оние атрибути што секој народ себично ги чува и негува како свој нераскинлив белег: традицијата, фолклорот, народната носија и обичаите. Затоа фестивалот ни’ е значаен и повеќе од потребен, ние мораме да го одржуваме и негуваме, бидејќи тој е нашето значајно културно наследство.




Сподели го ова:

Слични објави