Утре во Крушево – планински марш до местото викано “горе кај Крстовите” – врвот Козјак
На 06.06.2026 година (сабота), со почеток во 06 часот со место на тргнување од с. Пуста Река-Крушевско, ќе се одржи планински марш до местото викано горе кај “Крстовите” или поточно врвот Козјак, каде исто така ќе се одржи Света Литургија.
Настанот се организира традиционално, првата сабота од месец Јуни.
Поканети се сите кои се заинтересирани, и истите можат да се пријават и да бидат дел од оваа традиција.
