Советот на Општина Прилеп одлучи: Mодуларната катна гаража да биде дадена на трајно користење, одржување и управување на ЈП за ПУП – Прилеп
На денешната 62. седница на Советот на Општина Прилеп беше дадена согласност за измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2025 година во ЈОУ Старски дом „Киро Крстески – Платник“ – Прилеп, како и согласност за Годишните планови за вработување за 2026 година во следните училишта:
ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп, СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп.
Советниците, по предлог-одлуката, дадоа согласност модуларната катна гаража да биде дадена на трајно користење, одржување и управување на ЈП за ПУП – Прилеп.
Исто така, беше усвоен записникот по јавниот повик за спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации за 2025 година, како и одлуката за десегрегација на ученици Роми во Општина Прилеп.
