Сопствениците на Тамаро на тројца свои вработени им подарија автомобили и 7000 евра
Сопствениците на Маркетите Тамаро, им подарија 2 автомобили и парична награда во вредност од 7000 евра на тројца вработени со најдолг стаж. Станува збор за вработени, кои се дел од нивната компанија цели 23 години!!
Ова е вистински пример како со чесност, труд, посветеност, лојалност и несебичност можете да успеете во животот…Секоја чест и за сопствениците на Тамаро кои покажуваат дека знаат да ги ценат своите вработени! – порача Стефан Лазаров во својата објава.
