Синоќа, голем број на прилепчани беа дел од ноќната рекреативна трка на 5 километри низ улиците на Прилеп
Вчера вечерта во рамките на Европската недела на мобилност, се одржа ноќна рекреативна трка на 5 километри низ улиците на Прилеп. Настанот покажа дека спортот, дружењето и рекреацијата се одличен начин не само за промоција на поздрав и поактивен стил на живот, туку и за поттикнување на алтернативни и одржливи форми на движење низ градот.
Голема благодарност до Ориентациониот клуб „Златоврв“, како и до сите кои се вклучија во организацијата и кои со својата енергија придонесоа оваа вечер да биде вистински спортски празник. Честитки до сите учесници за успешното трчање и убавата атмосфера што ја создадоа сите заедно.
