Утре, градскиот часовник и нашите срца ќе чукаат “како едно” за Виктор! Денска хуманитарна забава – утре на платото кај Градскиот саат во Прилеп

Сподели го ова:






























Прилеп е хуман град, а тоа уште еднаш ќе го потврдат прилепчани со своето присуство на утрешната хуманитарната забава. Утре, градскиот часовник и нашите срца ќе чукаат “како едно” за Виктор!

Драги прилепчани, ве покануваме на денска хуманитарна забава за нашиот Виктор Николоски, во сабота на 01 февруари, во 12:00 часот на платото кај Градскиот саат. За добра забава ќе се погрижи LockDown Band, а благодарение на Прилепска пиварница / Prilep Brewery и Limonada.mk ќе бидат поставени и штандови со освежителни пијалоци, додека покрај нив ќе има кутии за собирање на хуманитарни средства. Да покажеме уште еднаш колку Прилеп е хуман град! За Виктор!” – стои во соопштението од Општина Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави