Силна експлозија вечерва го вознемири Прилеп

Сподели го ова:






























Силна експлозија вечерва го вознемири Прилеп. Имено, експлозијата настанала врз основа на претходен пожар кој што вечерва се појавил во приватна стоматолошка ординација во близина на Карго Експрес-Прилеп.

За да не се прошири огнот на останатите објекти на улицата “Сотка Ѓорѓиоски”, веднаш интервенирала професионалната противпожарна екипа од ТППЕ-Прилеп. Како резултат на пожарот и експлозијата, моментално оштетени се повеќе врати и прозорци од амбулантата при што е предизвикана и поголема материјална штета.

Заради деталниот увид, полицијата на улицата Сотка Ѓорѓиоски, односно од раскрсницата кај Чумовчанец, па се до мостот кај старата автобуска станица во Прилеп, вечерва неколку часа го затвори патот за сообраќај од безбедносни причини.

dav




Сподели го ова:

Слични објави