ОГРОМНА РАДОСТ: На свој терен, ФК Победа го победи лидерот од Струга со 2:0
По 10-дневна пауза, поради ФИФА календарот и пријателскиот меч на сениорскиот национален тим, денеска продолжи домашниот фудбалски шампионат.
Имено денешната “среда” им донесе голем триумф на ФК Победа на Градскиот стадион „Гоце Делчев“, каде што фудбалерите на Победа беа домаќини на лидерот на табелата и најпријатното изненадување во досегашниот шампионат Струга Трим Лум. Со двата денешни гола на Мазари (еден во првото и еден во второто полувреме), Победа денеска дојде до голем триумф против Струга со 2-0.
Црвено-белите денеска во дуелот со стружани го изненадиа фаворитот од Струга. Голема предност за ФК Победа на денешниот натпревар покрај успешната игра, беше и тоа што Стружани останаа и без првиот голман Ќосевски, па тука лежеше и зголемената шанса на ФК Победа.
