Шалтерски работници во прилепската болница сакале да станат милионери?! Си краделе пари од буџетот на болницата
Кривична пријава заработија двајца шалтерски работници во прилепската болница, за злоупотреба на службената положба, односно за проневера во службата.
“Како директор на Управата за финансиска полиција, горд сум на тимот кој посветено и професионално работеше на сите случаи поврзани со финансиски криминал во изминатиов период. Денеска сакам да ја информирам јавноста дека поднесовме кривична пријава до Основното јавно обвинителство Прилеп против две службени лица од ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ – Прилеп, поради основано сомнение за сторено кривично дело Проневера во службата. Во периодот од август 2024 до април 2025 година, пријавените лица противправно присвоиле вкупно 2.269.317 денари од средства наплатени од пациенти, со што директно го оштетиле буџетот на болницата. Не отстапувам од решителната борба против корупцијата. Злоупотребата на јавни средства мора да биде принципиелна и непристрасна – без разлика од која политичка партија доаѓа сторителот, која функција ја извршува или на која националност припаѓа. Правдата мора да важи подеднакво за сите, а со нашата работа сакаме да потенцираме дека никој нема право и не смее да го оштетува буџетот, особено не на грбот на граѓаните кои користат здравствените услуги” – порача директорот на финансиската полиција Слободан Ивановски.
