Проданоски: Честит 1 јуни – Меѓународен ден на детето и Меѓународен ден на згрижувачките семејства

Сподели го ова:





























Денеска на 1 Јуни, кога го одбележуваме Меѓународниот ден на детето и Меѓународниот ден на згрижувачките семејства, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски упати искрена благодарност и почит до сите згрижувачки семејства кои со својата хуманост, љубов и посветеност им отвораат дом и срце на децата на кои им е потребна грижа и сигурност.

“Секое дете заслужува да расте во семејна средина исполнета со љубов, разбирање и поддршка. Токму затоа згрижувачките семејства се вистински херои на нашето време, луѓе кои несебично ја преземаат одговорноста да им дадат нова надеж, топлина и чувство на припадност на децата кои поминуваат низ животни предизвици. Особено ме радува фактот што од вкупно 60 згрижувачки семејства во Пелагонискиот регион, дури 25 се од Прилеп. Ова е доказ за хуманоста, солидарноста и општествената одговорност на нашите сограѓани. Истовремено, тоа е и повик до сите кои имаат можности и услови да размислат за оваа благородна мисија и да станат дел од семејството на згрижувачи.

Општина Прилеп останува посветена на развојот на социјалната политика и грижата за ранливите категории граѓани. Во изминатиот период реализиравме повеќе проекти и услуги кои придонесуваат за подобар квалитет на живот, поддршка на децата, лицата со попреченост, старите лица и семејствата на кои им е потребна помош.

По повод овој ден, организиравме скромен настан и остваривме средба денеска во Прилеп со претставниците од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства Битола и МЦСР Прилеп и се разбира со нашите згрижувачки семејства.

Сакам да упатам честитки до сите деца со желба да растат безгрижно, среќно и исполнето, како и до сите згрижувачки семејства кои секојдневно покажуваат дека љубовта и грижата можат да променат живот.

За секое дете да расте во семејство” – истакна Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави