Секоја чест! Народен теaтар – Битола со дури 140 одиграни претстави успешно ја заврши сезоната 2024/2025
Како што соопштуваат од битолскиот народен театар, театарската сезона 2024/2025 година официјално е завршена. Меѓутоа она што е охрабрувачки е самиот факт дека бројот на театарски изведби во оваа сезона во споредба со минатата, е зголемен за дури 40%, а бројот на публика е зголемен за вкупно 34,5%.
Сето тоа се должи на професионалноста на актерите и на менаџирањето на директорот Васко Мавровски, кој со своите визии, иновации и креативни идеи направи битолскиот театар да живее едно успешно културно време.
И за на крај, битно е да се нагласи дека Народен тетар – Битола успешно ја заврши сезоната 2024/2025 со дури 140 одиграни претстави. 
