Проданоски: Со настапи на три различни локации низ градот, младите музички таленти им приредија прекрасно музичко доживување на прилепчани

Сподели го ова:





























Успешно се реализираше првиот ден од концертите на отворено во организација на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп.

Со настапи на три различни локации низ градот, младите музички таленти им приредија прекрасно музичко доживување на прилепчани и уште еднаш покажаа дека Прилеп има млади луѓе со исклучителен талент, креативност и љубов кон уметноста.

Овој прекрасен настан донесе музика на отворено достапна за сите граѓани, создавајќи убава атмосфера, позитивна енергија и вистинско уживање во центарот на градот. Ваквите настани се од особено значење бидејќи претставуваат и промоција на трудот, посветеноста и успесите на нашите најмлади музичари.

Честитки до сите ученици и наставници за успешните настапи и за одличната организација.

Продолжуваме да ја поддржуваме културата, младите таленти и настаните кои го разубавуваат секојдневието во Прилеп!




Сподели го ова:

Слични објави