Проданоски: Прилепската болница ќе добие нова медицинска опрема во вредност од 55 милиони денари
Подобрувањето на условите во здравството секогаш e приоритет, а со таа цел денеска пратеникот и кандидат за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со министерот за здравство Азир Алиу, заменик-министерот Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, ја посетија прилепската општа болница „Борка Талески“.
Нашата болница ќе добие нова медицинска опрема во вредност од 55 милиони денари обезбедена од Министерството за здравство, како и донирана опрема во вредност од 33 милиони денари. Ова претставува значаен чекор кон подобрување на условите за работа и унапредување на здравствените услуги за граѓаните на Прилеп и околината – порача Проданоски.
