Проданоски: Да бидеш градоначалник значи да го слушаш народот, да ги чувствуваш проблемите и со чесна работа да бараш решенија

Сподели го ова:





























Пратеникот Дејан Проданоски кој е кандидат за градоначалник на Општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, до неговите сограѓани испрати моќна порака во која се вели:

“Драги мои прилепчани, почитувани соседи и пријатели, со голема почит и од срце ви се обраќам пред овие избори. Прилеп е мојот град. Тука сум пораснал, тука живеам, тука сакам да ја гледам иднината на моите деца и на сите наши деца. Тоа е мојата најголема причина да застанам пред вас. Да ја прифатам оваа кандидатура не заради чест или титула, туку заради Прилеп и заради вас.

Да бидеш градоначалник не значи да седиш во канцеларија. Тоа значи да го слушаш народот, да ги чувствуваш проблемите и со чесна работа да бараш решенија. Тоа е обврска да обезбедиш чиста улица, осветлена патека, уредено маало и живот достоен за секој човек, во секој дел од нашиот град и населените места околу него.

Прилеп заслужува повеќе. Заслужува нова енергија, поубави населби, нови работни места и шанса за секој млад човек што сака својата иднина да ја гради овде, дома, а не далеку од своите.

Јас верувам во тоа и верувам во вас.

Ако застанеме заедно, можеме да ја претвориме надежта во реалност.

Со вашата доверба, ќе работам со цело срце и со цела сила. Знам дека Прилеп може подобро. И знам дека заедно ќе го направиме тоа.

Твојот човек!

За твоето место!

За твојата иднина!

Вистинскиот избор! – порача Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.




Сподели го ова:

Слични објави