Проданоски: Овој голем ден го славиме како симбол на почетокот на организираната македонска борба за слобода, автономија и создавање на самостојна држава.
Денеска во Прилеп се одбележа 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, со полагање на свежо цвеќе.
“Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! Овој голем ден го славиме како симбол на почетокот на организираната македонска борба за слобода, автономија и создавање на самостојна држава. На 23 октомври 1893 година, во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, шестмина млади македонски патриоти, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, ја основаа Македонската револуционерна организација.
Со тој чин ја запалија искрата што го осветли патот кон македонската слобода, искрата што се претвори во сонце на непокорот и националната свест. Овој датум е темелот на нашето државотворно наследство и потсетник дека македонскиот народ низ вековите се бореше со достоинство и вера во својата слобода. Од Солун 1893, преку Илинден 1903 и Крушевската Република, па сè до Народноослободителната борба, оваа идеја живееше и прерасна во реалност – во самостојна и независна Македонија.
Со длабока почит се поклонуваме пред делото на нашите револуционери, чии идеали и денес нè обединуваат.
Да живее Македонија!
ВМРО е кодот на Македонија!” – порача Проданоски.
