Синоќа во Прилеп беше прикажана изложбата на слики од Драган Верговски Алпи
Вчера вечерта во Прилеп беше отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи која содржи 30 дела работени на картон и на алуминиумски лим.
На делата се пренесени најразлични мотиви ; крстови, пејзажи, кочанско поле….
„Ги работев оддеднаш како да претчуствував голема трагедија. И потоа се случи трагедијата во Кочани. По 20 часа творев додека работев на конзервација на мозаикот од Чемерски„ – вели авторот Драган Верговски – Алпи.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.
