Проданоски: Манифестацијата ,,Вешта жена” во Прилеп претставува долгогодишна традиција која ги слави трудот, креативноста и силата на жената
Жената не е само дел од општеството, таа е темелот врз кој се гради иднината! Манифестацијата ,,Вешта жена” во Прилеп претставува долгогодишна традиција која ги слави трудот, креативноста и силата на жената и создава простор за дружење, размена на идеи и меѓусебна поддршка меѓу жените од различни генерации и професии.
“Жените секојдневно придонесуваат за развојот во секоја локална заедница, како професионалци, мајки, лидери и двигатели на позитивни промени. Нивната посветеност, знаење и истрајност се клучни за напредокот на општеството.
По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, упатувам искрени честитки до сите жени. Нека вашата сила, мудрост и посветеност продолжат да бидат инспирација и пример за идните генерации.
Среќен 8 Март!” – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.
